Настаните на денот низ фотографии - 18 јануари 2023
Министри, хеликоптери, отстапки...
5
ТУРЦИЈА - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска посочи дека парламентарните и претседателските избори би можеле да се одржат на 14 мај. Говорејќи пред пратениците на неговата партија во парламентот, Ердоган рече дека Турците ќе ја покажат својата реакција на главниот опозициски сојуз на истиот датум кога се одржаа изборите во 1950 година. „Нашата нација ќе им каже „доста е“ на овие благодарници на пучот, оваа амбициозна, но неспособна маса, на истиот ден по 73 години“, рече Ердоган.
6
САД - Соединетите држави испраќаат стотици илјади артилериски гранати од голем магацин во Израел, објави Њујорк Тајмс. Муницијата лоцирана во Израел била наменета за употреба во регионални конфликти. САД, исто така, му дадоа на Израел дозвола да користи дел од залихите во итни ситуации, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи американски и израелски официјални лица.
7
МАКЕДОНИЈА - „Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Да покажеме единство, бидејќи тоа е влог во градењето просперитетна иднина на граѓаните и на државата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информираа за текот на скрининг процесот.
8
RUSIJA / MAKEDONIJA - Руската амбасада во Македонија со објави на социјалните мрежи реагираше на изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи дадени за време на посетата на Украина во врска со цивилните жртви при руските напади, забележувајќи му дека при тоа не ги споменал загинатите при украинските гранатирања. Во објава на Амбасадата на социјалните мрежи Фејсбук и Телеграм се наведува дека претседавачот на ОБСЕ, Османи шпекулирал „за жртви на руската агресија, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев“. Според Амбасадата, Османи досега не ги споменал жртвите од гранатирањата од страна на украинските сили, „како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници“.