Настаните на денот низ фотографии - 18 јануари 2023
Министри, хеликоптери, отстапки...
9
РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги обвини Соединетите држави дека подготвуваат терен во Украина како дел од, како што ја нарече, хибридна војна против Москва. Говорејќи на прес-конференција во руската престолнина, Лавров рече дека кризата во Украина започнала многу пред Москва да испрати десетици илјади војници во земјата во минатиот февруари во она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“. „Како Наполеон и Хитлер, Соединетите држави формираа коалиција со европејците против Русија и водат војна против Русија во Украина“, рече тој.
10
МАКЕДОНИЈА - Градот Скопје денеска информира дека поднеле кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух.
11
КОСОВО / СРБИЈА - Британскиот пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич изјави дека ниту Косово ниту Србија не треба да гледаат на спроведувањето на постојните договори како отстапка или закана за нивната позиција, туку како конструктивно и одговорно учество во дијалогот. Пич посочи дека двете страни треба да ги исполнат сите обврски преземени во текот на дијалогот и додаде дека една од нив е и Заедницата на српски општини (ЗСО). „Како ќе изгледа Заедницата кога ќе се формира е прашање на страните во дијалогот“, рече тој.
12
УКРАИНА - Шеснаесет лица, вклучително и министерот за внатрешни работи на Украина и други високи функционери загинаа денеска кога хеликоптер се урна во предградие во близина на Киев, изјави началникот на националната полиција. Хеликоптерот се урнал во близина на градинка во градот Бровари во источната периферија на главниот град. Две деца се меѓу загинатите, а 10 се во болница, соопштија официјални лица.