Настаните на денот низ фотографии - 18 јануари 2023
Министри, хеликоптери, отстапки...

1
МАКЕДОНИЈА - Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) одлучи да достави иницијатива до Владата за утврдување одговорност на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со ненавремено донесено решение за забрана за вршење технички преглед на правното лице „Виа Комерц“, станица во која по утврдувањето на неправилностите, технички преглед бил извршен и на превозникот „Беса Транс“ во чиј автобус во несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. Комисијата утврдила дека министерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.

2
ШВАЈЦАРИЈА - Претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), Мирјана Шпољариќ, оваа недела е во посета на Москва на разговори со владини претставници на Русија и на Црвениот крст за да изрази итна загриженост за хуманитарни проблеми, соопштија од меѓународната организација.

3
МАКЕДОНИЈА - Епидемиолошката состојбата е стабилна и нема потреба од дополнителни мерки оценила Комисијата за спречување на заразни болести на денешната седица. Според нив безбедно е децата да се вратат на училиште од понеделник, кога почнува второто полугодие. Во изминатиот период амбулантите и болниците беа полни со заболени деца, но од Комисијата велат дека следат што се случува и доколку се зголемат бројките на заразени од ковид или грип ќе ги зголемат болничките капацитети.

4
БИХ - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјади дека никој не страдал поради политиките што ги води, откако Европскиот парламент ЕУ), побара од Европската унија (ЕУ) да го санкционира.