Настаните на денот низ фотографии - 7 декември 2022
Личности, награди и казни
9
БЕЛГИЈА - Русија се обидува да ги замрзне борбите во Украина во текот на зимата за да ги зголеми своите сили за нова офанзива на пролет, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Она што сега го гледаме е дека Русија се обидува да наметне некаков вид замрзнување на војната, макар и само за кратко време, со цел да се прегрупира, закрепне и потоа да се обиде да започне поголема офанзива следната пролет“, рече Столтенберг, наведувајќи дека членките на НАТО продолжуваат да ја снабдуваат Украина со оружје и покрај загриженоста за можното исцрпување на залихите на Западот.
10
КОСОВО - Шефот на ЕУЛЕКС Ларс-Гунар Вигемарк изрази загриженост за вчерашните инциденти на северот на Косово и изјави дека мисијата заедно со косовската полиција и КФОР ја следи ситуацијата.
11
КИНА - Кинеските власти денеска објавија дека ќе ги олеснат мерките против коронавирусот, напуштајќи го строгиот пристап во контролата на вирусот по протестите на незадоволство низ целата земја. Според новите упатства на Националната здравствена комисија, лицата заразени со коронавирусот со благи симптоми ќе бидат изолирани во своите домови. Тоа е голема промена во однос на мерките што беа во сила речиси три години, кои бараа секое заразено лице да биде во карантински центар.
12
БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков денеска во Скопје најави дека согласно постигнатиот договор меѓу двете земји, заеднички ќе биде празнувана дејноста на Свети Климент Охридски. „За прв пат заеднички ќе ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски, ќе положиме цвеќе во знак на почит пред споменикот на Свети Климент Охридски, тој е еден од најпознатите ученици на светите браќа Свети Кирил и Методиј кои ние ги почитуваме и го почитуваме нивното дело“, рече Милков на денешната прес конференција со неговиот колега Бујар Османи во рамки на бизнис-форумот „До една милијарда и понатаму“.