Настаните на денот низ фотографии - 7 декември 2022
Личности, награди и казни
13
МАКЕДОНИЈА - „Република Северна Македонија не воведува визи за Косово“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена. „Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи. Тој посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.
14
САД - Семејниот бизнис на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Организацијата Трамп беше прогласен за виновен за финансиска и фискална проневера на крајот од судењето во Њујорк, објави обвинителот на Менхетен, Алвин Брег.