Настаните на денот низ фотографии - 7 декември 2022
Личности, награди и казни

1
САД / УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прогласен за личност на годината од страна на американското списание „Тајм“. Магазинот му го додели тоа признание на 7 декември поради неговиот отпор кон руската инвазија на неговата земја.
„Овогодишниот избор беше најјасниот досега“, напиша во средата главниот уредник на списанието, Едвард Фелсентал.
„Овогодишниот избор беше најјасниот досега“, напиша во средата главниот уредник на списанието, Едвард Фелсентал.

2
ШВАЈЦАРИЈА / КАТАР - Фудбалскиот сојуз на Србија е казнет со 20.000 швајцарски франци (20.235 евра) поради знамето што беше истакнато во нивната соблекувална пред натпреварот против Бразил на Светското првенство на 24 ноември.
Според соопштението Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА), бил прекршен членот 11 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА и членот 4 од Правилникот на Светското првенство на ФИФА.
На 26 ноември ФИФА покрена постапка против Србија по наводите дека во соблекувалната на Србија по мечот со Бразил било истакнато знаме на кое Косово е дел од Србија.

3
ИРАН - Иранските власти осудија на смрт пет лица за убиство на припадник на паравоените сили Басиџ за време на протестите во земјата. Судот во Иран на 6 декември соопшти дека исто така се осудени 11 други лица на затворски казни за нивната улога во смртта на Рухола Аџамијан, кој бил дел од милицијата Басиџ, волонтерски огранок под Исламската револуционерна гарда. Од 11-те осудени лица на затворски казни, тројца биле малолетни.

4
МАКЕДОНИЈА - Државниот завод за статистика пресмета дека инфлација во ноември изнесувала 19,4 проценти, односно за толку се зголемени трошоците на живот во споредба со истиот месец лани. Тоа значи дека ако нешто минатата година ве чинело Цените на мало за една година пораснале за 15,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.