Настаните на денот низ фотографии - 7 декември 2022
Личности, награди и казни
5
ГЕРМАНИЈА - Меѓу уапсените членови и поддржувачи на екстремно десничарска терористичка групи во Германија има и една Русинка. Германските власти денеска уапсија 25 осомничени поврзани со движењето Рајхсбургер, кое наводно имало за цел да ја собори владата.
Според германските обвинители, приведената руска државјанка е осомничена дека помагала во неуспешни обиди за воспоставување контакт меѓу потенцијалниот лидер на групата и руски функционери.
Руската амбасада во Берлин негираше каква било поврзаност со групата, додека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги нарече апсењата внатрешно прашање на Германија.

6
МАКЕДОНИЈА - Уставниот суд е на чекор да го укине правото на функционерите кои сами си даваат оставка или се разрешени од функциите да користат апанажа. Судот денеска поведе постапка за членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица кој им го овозможува ова право. Ова право им овозможува на функционерите откако ќе си дадат оставка или бидат разрешени да поднесат барање и да си ја земаат платата и до година дена, а не се веќе на функција.
7
ШПАНИЈА - Најмалку 155 луѓе се повредени во судир на два воза на периферијата на Барселона, соопштија шпанските власти. Несреќата се случила утринава пред 8 часот во регионот Каталонија во североисточна Шпанија. Локалните медиуми јавија дека возовите оделе во ист правец и се судриле додека едниот бил паркиран на станица. Каталонската полиција истражува како дошло до инцидентот. Службата за итни случаи на Твитер објави дека несреќата се случила на станицата Монткада и Рексак – Манреса на околу 12 километри од центарот на Барселона.
8
МАКЕДОНИЈА - Директорот на приватниот превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, се повлекува од протестот на приватните автобуси кои до неодамна беа дел од јавниот превоз во главниот град. Тој вели дека се повлекува оти неговото име премногу се злоупотребува, но останува да биде директор на „Слобода превоз“.
Блокадите на Скопје продолжуваат и покрај неговото повлекување.
Блокадите на Скопје продолжуваат и покрај неговото повлекување.