Настаните на денот низ фотографии - 1 декември 2022
Од Илинденска до Катар
5
РУСИЈА - Рускиот државен производител на гас „Гаспром“ ја повлече заканата за намалување на испораките на гас за Молдавија од 28 ноември, но рече дека го задржува правото да ги намали или запре протокот во иднина доколку Молдавија не ги изврши договорените плаќања, јавува новинската агенција Ројтерс.
6
МАКЕДОНИЈА - Недела ќе остане неработен ден, пресече денеска Уставниот суд. Судиите ја отфрлија иницијативата на Стопанската комора која го оспоруваше законот во кој се уредува правото на работниците да не се работи во недела, освен во дејностите кои се исклучок. Според Уставниот суд неосновани се наводите на Комората.
7
ЕУ - Европската унија е длабоко загрижена поради назадувањето на Србија во однос на усогласувањето со европската надворешна политика, се наведува во нацрт-заклучоците што треба да бидат усвоени на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во декември 13 „Советот (ЕУ) длабоко жали за назадувањето на Србија во усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено поради неусогласувањето со санкциите на ЕУ против Русија и Белорусија, како и нејзините надворешнополитички дејствија спротивни на заедничкиот пристап на ЕУ“, стои во текстот во кој увид имаше Радио слободна Европа (РСЕ).
8
КАТАР - ФИФА даде дозвола за истакнување на транспаренти за поддршка на протестите во Иран и на предмети со бои на виножито на фудбалскиот турнир на Светското првенство во Катар - откако оваа земја од Блискиот Исток беше елиминирана од натпреварувањето. Од почетокот на Светското првенство на 20 ноември, персоналот за обезбедување на стадионот организиран од катарските власти конфискуваше предмети со бои на виножитото и слогани како „Жени. Живот. Слобода“.