Настаните на денот низ фотографии - 1 декември 2022
Од Илинденска до Катар
9
РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека се акумулирани големи проблеми во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), обвинувајќи го Западот дека ја отфрла шансата чуварот на европската безбедност да го направи вистински мост со Русија по Студената војна.
10
РУСИЈА - Денеска на сила стапи рускиот закон кој ја проширува дефиницијата за таканаречените „странски агенти“, за кој групите за човекови права велат дека ќе ѝ олесни на државата да ги таргетира своите домашни критичари во време кога Кремљ го сузбива несогласувањето поради војната во Украина. Новиот закон, потпишан од претседателот Владимир Путин во јули им дозволува на службениците да го вклучат во регистарот на „странски агенти“ секој што е „под странско влијание“.
11
СРБИЈА - Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, денеска изјави дека визната либерализација за Косово е лоша порака за Белград и оцени дека „Приштина постојано се наградува за нејзините неконструктивни и еднострани потези, додека им се заканува на оние кои се коректни како Србија“.