Насѕаните на денот низ фотографии - 28 ноември 2022
Од ракети до сексуално вознемирување

5
ХАВАИ - После скоро четири децении почна ерупција на најголемиот активен вулкан на светот – вулканот Мауна Лоа на Хаваи, кој исфрла пепел и лава, соопштија денеска властите.
Ерупцијата почна доцна синоќа на Големиот Остров на Хаваи, соопшти Геолошкиот институт на САД (УСГС). Како што беше соопштено рано утринава, тековите на лавата се ограничени на делот околу врвот и не се закана за околните населби.

6
СРБИЈА - Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата за 8 отсто и на гасот за 11 отсто од 1 јануари 2023 година.
Агенцијата за енергетика е должна еден месец однапред да ги информира граѓаните за поскапувањето на енергенсите.
Агенцијата за енергетика е должна еден месец однапред да ги информира граѓаните за поскапувањето на енергенсите.

7
ТУРЦИЈА - На турската армија и требаат само неколку дена за да биде подготвена за копнен упад во северна Сирија и таквата одлука може да дојде на денешниот состанок на владата на кој ќе учествува претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија турските власти, додека турските сили бомбардираа курдска милиција преку границата.

8
РУСИЈА - Кремљ денеска соопшти дека ја поздравува понудата на Ватикан за обезбедување платформа за преговори за решавање на украинскиот конфликт, но дека позицијата на Киев го оневозможува тоа. „Се разбира, ја поздравуваме таквата политичка волја, но со оглед на де факто и де јуре ситуацијата што сега ја имаме на украинската страна, таквите платформи не можат да бидат барани“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Папата Франциск пред 10 дена во интервју за италијанскиот дневен весник Ла Стампа повтори дека Ватикан е подготвен да направи се што е можно за да посредува за да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.