Насѕаните на денот низ фотографии - 28 ноември 2022
Од ракети до сексуално вознемирување

1
МАКЕДОНИЈА - Еден од пет студенти или 21,3 отсто биле во ситуација професор/ка да им се обрати со прекар како „девојче“, „злато“, „кукле“, „маче“. Еден од четири студенти или 26,2 отсто, пак, биле сведоци на споделување сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на професор/ка, а на 15,6 проценти од студентите им било даден коментар за нивниот физички изглед, по што се чувствувале непријатно и сексуализирано. Дури 88,5 проценти од студентите не знаат каде можат да пријават сексуално вознемирување што се случило на УКИМ.

2
МАКЕДОНИЈА - Мислам дека изборите не се решение за сегашната ситуација, бидејќи пред нас има многу поважни задачи, изјави денеска лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори следната пролет.

3
СОМАЛИЈА - Сомалиските безбедносни сили упаднаа во хотел во главниот град Могадишу и ја окончаа опсадата на милитантите од Ал Шабаб, по еднодневната битка во која загинаа најмалку 9 лица, соопшти полицијата.

4
ЕУ - Европската унија (ЕУ) денеска си даде законски овластувања да презема мерки против секој кој ќе ѝ помогне на Русија да ги избегне нејзините санкции, соопшти Унијата. Државите-членки, според соопштението, едногласно се сложиле дека кршењето на рестриктивните мерки против Русија се криминал во целата Унија.