Насѕаните на денот низ фотографии - 28 ноември 2022
Од ракети до сексуално вознемирување

9
САД - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска им честиташе на граѓаните на Албанија за 110-годишнината од независноста и 100-годишнината од американско-албанските дипломатски односи и широкото, силно партнерство.

10
МАКЕДОНИЈА - Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања преку соопштение до медиумите реагираат на, како што се наведува, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата. „И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, се наведува во реакцијата.

11
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија „планира нови напади“ врз неговата земја, повикувајќи ги одбранбените сили и граѓаните да бидат подготвени да издржат нова недела на оптоварување на електричната мрежа во услови на ниски температури.