Настаните на денот низ фотографии - 18 ноември 2022
Од Славјанка Петровска до Шакира
5
САД - Колумбиската пејачка Шакира нема да пее на церемонијата за отворање на Светското првенство во Катар в недела, објави денеска шпанската новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на неименувани извори блиски до пејачката. Последните денови се шпекулираше дека Шакира ќе настапи в недела, пренесува Бета.
6
МАКЕДОНИЈА / САД - Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикуваше изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК). Во писмен одговор на прашања за редакцијата на „360 степени“, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата.
7
МАКЕДОНИЈА - Министерството за образование и наука информира дека вчера почнала испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Според најавите, до крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70 проценти од учебниците за овие одделенија.
8
МАКЕДОНИЈА - Службите испитуваат дали имало безбедносен пропуст за време на сведочењето на директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски на затворената седница на собраниската Комисијата за надзор на работата на безбедносните служби. На комисиската седнива присуствуваа само пратеници кои имаат безбедносен сертификат. Димовски пред пратениците требаше да објасни како Украинецот Олександар Онишченко, кој е на американската „црна листа“, добил македонско државјанство.