Настаните на денот низ фотографии - 18 ноември 2022
Од Славјанка Петровска до Шакира
9
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по завршувањето на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата изјави дека засега не е разговарано за влез на паријата во Владата. На средбата појасни дека било зборувано за европскиот пат, борба против корупцијата, функционирањето на правната држава и блокираните европските закони во Собранието.
10
МАКЕДОНИЈА - Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Димитар Ковачки обвини дека Министерката за одбрана Славјанка Петровска, криела луксузен имот, односно во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, ама не и луксузен имот во Радишани. Петровска ги демантираше обвинувањата и побара извинување од Ковачки
кој на прес-конференција ги изнесе овие тврдења.
кој на прес-конференција ги изнесе овие тврдења.