Настаните на денот низ фотографии - 18 ноември 2022
Од Славјанка Петровска до Шакира

1
КАТАР - Организаторите на Светското првенство и ФИФА, Светското фудбалско раководно тело, се договорија да забранат продажба на целото пиво со алкохол на осумте стадиони што се користат за фудбалскиот турнир.

2
ФИНСКА - Изградбата на планираната ограда со бодликава жица долж долгата граница на Финска со Русија ќе започне на почетокот на следната година, соопштија претставници на финската гранична стража на 18 ноември.

3
СРБИЈА / КОСОВО - Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе одржат средба в недела на 20 ноември или најдоцна в понеделник на 21 ноември, дознава Радио Слободна Европа (РСЕ) од сигурни извори во Брисел.

4
УКРАИНА - Речиси половина од енергетската инфраструктура во Украина е оневозможена од руските напади, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал на 18 ноември. Москва продолжува со нападите што предизвикуваат прекин на гасот и струјата, а украинските сили ги одбиваат руските напади на исток.