Настаните на денот низ фотографии - 12 септември 2022
Политичари, режисери, дрога...
5
УКРАИНА - Украина и Русија изразиле интерес за предлогот изнесен од страна на ОН за создавање заштитна зона околу нуклеарната централа Запорожје, која е окупирана од Русија.
6
СРБИЈА - Манифестација „Европрајд 2022“ стартуваше денеска во Белград со кревање на знамето со виножито пред Палатата Србија. На меѓународната конференција за човекови права покрај големиот број странски гости, дипломати, претставници на странски влади, ќе бидат организирани и голем број изложби, активистички, едукативни, културни и забавни настани. Според најавите на организаторите, „Неделата на гордоста“ во Белград треба да заврши во сабота на 17 септември со прошетка на учесниците.
7
МАКЕДОНИЈА - ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, без разлика на резултатот од референдумот. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на одговори на новинарски прашања. Тој денеска изјави оти верува во успешноста на референдумот, но нагласи дека без разлика на резултатот, дури и да не успее, партијата нема да поддржи промена на Уставот под овие околности.
8
РУСИЈА - Вршителката на должност шеф на ОН за човекови права Нада ал Нашиф го осуди однесувањето на Русија со кое смета дека ги поткопува основните слободи со „застрашувачки“ гласови кои се противат на неиспровоцираната инвазија на земјата на соседна Украина. Отворајќи го почетокот на новата седница на Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ) на 12 септември, Ал-Нашиф ги осуди „заплашувањето, рестриктивните мерки и санкциите против луѓето кои изразуваат противење на војната во Украина“.