Настаните на денот низ фотографии - 12 септември 2022
Политичари, режисери, дрога...
9
АЗЕРБЕЈЏАН - Азербејџан ќе го зголеми извозот на гас во Европа оваа година за 30 отсто, бидејќи ЕУ се обидува да ја намали зависноста од рускиот енергенс поради инвазијата на Кремљ врз Украина.
10
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / МАКЕДОНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска ќе присуствуваат на државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември во Лондон, информираат од неговиот кабинет.
11
МАКЕДОНИЈА - Министерството за правда денеска најави дека во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден и обвинет за неколку случаи, а престојува како азилант во Унгарија. Барања за екстрадиција повторно ќе бидат поднесени и за Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, кои се во бегство во Косово.
12
КИНА - Бројот на загинати при силниот земјотрес на 5 септември кој го погоди Сечуан во западниот дел на Кина порасна на 93. Потрагата по преживеани се уште е во тек. Земјотресот беше со интезитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала предизвика сериозна штета во автономната област Ганза. По првиот удар, следуваат илјадници други послаби потреси во текот на изминатата недела. Од 2 700 послаби земјотреси кои биле регистрирани за една седмица како афтершокови само еден бил забележан со посилен интезитет од 4,5 степени.