Настаните на денот низ фотографии - 12 септември 2022
Политичари, режисери, дрога...

1
МАКЕДОНИЈА - Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска информира дека во „Макстил“ биле уништени околу десет тони различни видови на наркотични дроги одземени до август 2022 година.

2
МАКЕДОНИЈА - Жители на скопската општина Шуто Оризари денеска протестираат против, како што велат, систематското игнорирање на општината од страна на Советот и раководството на Град Скопје. Протестот започна кај паркот кај големата џамија во Шуто Оризари, а ќе заврши пред Град Скопје. Протестот се одржува под слоганот „Шуто Оризари – Заборавена општина!“.

3
МАКЕДОНИЈА - Министерството за образование и наука (МОН) досега не доставило до Агенцијата за заштита на лични податоци известување за нарушување на безбедноста на личните податоци. Пред два дена веб страницата на Министерството за образование беше цел на хакерски напад. Неколку часа на веб страницата на ова министерство стоеше пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“.

4
СЛОВЕНИЈА - Словенечкиот претседател Борут Пахор, кој заедно со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ беше домаќин на денешниот самит на Процесот Брдо-Бриони на Твитер ги објави донесените заклучоци со кои се бара забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан и барање кандидатски статус за членство во ЕУ за Босна и Херцеговина и безвизен режим за целиот Западен Балкан до крајот на 2022 година.