Настаните на денот низ фотографии - 12 август 2022
Од политика до кожни волани
5
ЦРНА ГОРА - Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост по крвавиот масакр во Цетиње во кој денеска загинаа 11 луѓе меѓу кои и напаѓачот, а шестмина се ранети
6
САД - Познатиот писател и и добитник на најголемите светски книжевни награди Салман Ружди денеска бил нападнат на сцена на настан во Њујорк непосредно пред да одржи предавање.
7
САД - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека извештајот во кој се вели дека агентите на ФБИ барале документи поврзани со нуклеарно оружје кога го претресувале неговиот дом на Флорида е „измама“. Трамп ја објави изјавата на својата платформа на социјалните мрежи Truth Social на 12 август, еден ден откако Вашингтон пост објави информации од извештајот на ФБИ.
8
РУСИЈА - Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска упати прикриена закана до западните сојузници на Украина кои ја обвинија Русија дека создава ризик од нуклеарна катастрофа со стационирање сили околу украинската централа Запорожје. Украина ја обвини Русија дека врши напади врз украинските места во таа локација, знаејќи дека украинските сили не може да ризикуваат да возвратат.