Настаните на денот низ фотографии - 12 август 2022
Од политика до кожни волани
9
БУГАРИЈА - Во објава на Фејсбук, лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, повика на итни преговори со руската енергетска компанија Газпром за да се избегнат банкроти на деловните активности и да се осигура дека луѓето во земјата нема да страдаат во претстојната зима. Според Нинова, додека политичарите во Бугарија и експертите се расправаат кој е виновен, дали има бродови со течен гас, дали ќе работи интерконекторот со Грција, фабрики за ѓубрива во земјата почнаа да го затвораат производството и да отпуштаат работници.
10
КОСОВО - Косовскиот премиер Албин Курти денеска наведе дека изјавите во Белград за убиства и насилство зборуваат „за нив и нивната имагинација и планови, а не за Косово“. Ова е неговата реакција на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека на Косово подготвуваат ликвидација на Србите на север. „Прво, врз основа на победата во февруари минатата година, јас сум премиер на надеж и напредок, додека во Србија имате претседател на страв и закани. Кога во Србија зборуваат за насилство, зборуваат за себе, тие не зборуваат за нашата република, за нас зборуваат нашите институции“, вели Курти, а пренесува Косово-онлајн.