Настаните на денот низ фотографии - 12 август 2022
Од политика до кожни волани

1
МАКЕДОНИЈА - Приведени се 15 жители на Гостивар и околни села поради учество во масовна тепачка која се случи во среда навечер во Гостивар. Полицијата соопшти дека привршува со расчистување на случајот и дека вчера биле приведени последните деветтемина кои учествувале во тепачката.

2
МАКЕДОНИЈА - Негативен е тестот на жителот на Кичево кој денеска беше тестиран за дали е заразен со мајмунски сипаници, изјави вечерва за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

3
МАКЕДОНИЈА - Поради опасност од бегство на докторот и сопственик на приватна болница Жан Митрев му е одземен пасошот, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје. Претходно Обвинителство соопшти дека денеска по распитот на Митрев и утврдување на определени околности е отворена истрага против него под сомнение за измама на пациенти.

4
МАКЕДОНИЈА - Здравствениот дом Тетово е државната институција која набавила автомобил со кожен волан, шест звучници и металик боја од парите за справување со пандемијата на коронавирус. Марката на возилото е Опел Кросленд Елеганс и чинело 1.286.200 денари или речиси 21 илјада евра. Договорот за негова набавка е склучен на 24 ноември, минатата година.