Политичари, архитекти, кошаркарки...
5
УКРАИНА / РУСИЈА - Судот на Крим, формиран од руските власти, соопшти дека покренал истрага против новинарката на Радио Слободна Европа, Олена Јурченко, за „активности што ги дискредитираат вооружените сили на Русија“.
6
АВГАНИСТАН - Талибанците соопштија дека ги истражуваат „тврдењата“ дека лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахри бил убиен во напад на американско беспилотно летало во Кабул и тврдат дека немале информација дека тој влегол и живеел во главниот град на Авганистан.
7
БЕЛГИЈА - На Русија не треба да и се дозволи да победи во војната во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Во наш интерес е овој тип на агресивна политика да не успее“, рече Столтенберг во говорот во Норвешка. Опишувајќи го она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ како напад врз актуелниот светски поредок, Столтенберг рече дека Aлијансата мора да спречи ширење на војната. „Ова е најопасната ситуација во Европа по Втората светска војна“, наведува тој.
8
ИТАЛИЈА - Даночната полиција во Италија заплени имот во вредност од повеќе од 141 милион евра за кои се вели дека му припаѓаат на архитект кој го дизајнирал луксузниот имот наречен „палата на Путин“. Даночните власти во Бреша, северна Италија, соопштија дека заплениле имот од „познат професионалец“, велејќи дека тој не платил даноци од 2013 до 2019 година. Италијанските медиуми и Ројтерс наведуваат дека имотот му припаѓал на Ланфранко Чирило.