Политичари, архитекти, кошаркарки...
9
САД - Сенатот на Соединетите држави, кој има 100 пратенички места, синоќа го одобри пристапот на Финска и Шведска во НАТО, што е најголемото проширување на 30-члената алијанса од 1990-тите, а кое доаѓа по руската инвазија врз Украина. Протоколот за пристапување на Финска и Шведска во НАТО беше поддржан од 95 членови на Сенатот во екот на воената кампања што Русија ја води против соседна Украина повеќе од пет месеци. Американскиот претседател Џо Бајден, силен поддржувач на Украина, се залага за што поскоро прием на две земји од северот на Европа во западниот воено-политички сојуз Мнозинството демократи и републиканци изразија силна поддршка за проширувањето на Алијансата.
10
АВСТРИЈА - Главните преговарачи за Иран и САД се враќаат во Виена за да ги продолжат разговорите за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и глобалните сили. Роб Мали, претставник на САД, на 3 август изјави дека оди за Виена за да ги продолжи преговорите „со подигнати очекувања“. Соединетите Држави се „подготвени за добар обид за постигнување договор“, додавајќи: „Наскоро ќе биде јасно дали Иран е подготвен на истото“. Во Виена е и главниот ирански преговарач за нуклеарно оружје, Али Багери Кани.
11
ТАЈВАН / КИНА - Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека војската ќе продолжи да го зајакнува нивото на будност и ќе реагира соодветно на „непријателската ситуација“. Кина оваа недела спроведува неколкудневни воени вежби со боева муниција во зоните околу Тајван, како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.