Политичари, архитекти, кошаркарки...

1
РУСИЈА - Американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер доби девет години затворска казна, одлучи Судот во Русија. Тој ја прогласи за виновна за шверц на дрога. Според Судот таа намерно донела масло од канабис во Русија кога дошла да му се придружи на нејзиниот тим во земјата. Гринер беше уапсена бидејќи кај неа биле пронајдени ампули со 0,7 грама масло од канабис.

2
УКРАИНА - Украинските сили ги доведоа цивилите во опасност со воспоставување бази и оперативни системи за оружје во населените станбени области, вклучително и во училиштата и болниците, во обид да се справат со руската инвазија која започна во февруари, соопшти денеска Амнести интернешнал.

3
МАКЕДОНИЈА - Управата за извршување на санкции демантира какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во малтретирање на член на политичката партија Левица за време на прославата на државниот празник Илинден во Крушево, соопшти денеска Управата.

4
СРБИЈА / КОСОВО - Следната рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 18 август во Брисел, потврди портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано.