Настаните на денот низ фотографии - 29 јуни 2022
Од Скопје до Херсон

1
РУСИЈА / УКРАИНА - Воената администрација во окупираниот украински град Херсон, поставена од Москва, соопшти дека се подготвува да одржи референдум за приклучување кон Русија.

2
УКРАИНА / РУСИЈА - Украинското Министерство за одбрана објави размена на затвореници во која учествуваат 144 украински војници, вклучително и голем број бранители на челичарницата Азовстал во јужниот пристанишен град Мариупол.

3
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека е невозможно решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија додека трае француското претседателство.

4
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Собранието најави воведување закон за плати во кој како што рече ќе се знае која ќе биде конзистентноста и структурата на платите во државата.