Настаните на денот низ фотографии - 29 јуни 2022
Од Скопје до Херсон
5
МАКЕДОНИЈА - Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека ветингот не се покажал како најдобра алатка за прочистување во судството и дека филтрација кај судиите може да се направи и преку постојните институции и закони.
6
МАКЕДОНИЈА - За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.
7
АЛБАНИЈА - Во Албанија во октомври годинава треба да се одржи Пописот на населението и домаќинствата, што беше одложен минатата година, поради пандемијата со ковид-19.
8
САД - Американскиот претседателот Џо Бајден изјави дека Соединетите Држави ќе го променат својот воен став во Европа поради заканите кои произлегуваат од руската инвазија на Украина. Тој вели дека американското воено присуство во Европа ќе стане поголемо, како реакција на НАТО на заканите од Москва.