Настаните на денот низ фотографии - 8 јуни 2022
Од Стефчо Јакимовски до Слави Трифонов

1
БУГАРИЈА - Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска изјави за локални медиуми дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата. „Ставам крај на оваа коалиција и агонија. Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата“, рече Трифонов.

2
ПАКИСТАН - Патнички автобус денеска излетал од тесен планински пат и паднал во длабока провалија во оддалечена област во југозападен Пакистан, при што загинале најмалку 22 лица, меѓу кои има и жени и деца.

3
УНГАРИЈА - Инфлацијата во Унгарија денеска достигна 10,7 отсто, што е прва двоцифрена инфлација во последните 20 години, и покрај серијата ценовни ограничувања поставени од премиерот Виктор Орбан.

4
МАКЕДОНИЈА - Лидерите на земјите од „Отворен Балкан“, премиерот Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ на Самитот на Отворен Балкан во Охрид, заедно со владините претставници и делегации на трите земји, ги потпишаа документите за соработка во областа на образованието, културата, туризмот и од областа на даночната политика.