Настаните на денот низ фотографии - 8 јуни 2022
Од Стефчо Јакимовски до Слави Трифонов
5
БЕЛОРУСИЈА - Семејството на хонорарниот дописник на белорускиот сервис на РСЕ, Андреј Кузнечик, вели дека новинарот е осуден на шест години затвор под обвинение за создавање екстремистичка група. Според роднините, на регионалниот суд во Могиљев на истокот на земјата му биле потребни само неколку часа да го разгледа случајот и да ја донесе пресудата на судење кое беше затворено за јавноста.
6
ХРВАТСКА - Хрватското Министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничкиот болнички центар во Загреб, поради сомневања за случаи на трговија со органи во 2019 година.
7
СРБИЈА - Во Белград, попладневната настава е откажана поради дојава за бомби во повеќе од 300 училишта, објави денеска заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ.
8
МАКЕДОНИЈА - Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека по 99 месеци ја прекинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ и дека таа коалиција повеќе не може да опстои во оваа скопска Општина.