Настаните на денот низ фотографии - 30 мај 2022
Менструална сиромаштија и ракети
5
МАКЕДОНИЈА - За полагање на државната матура се пријавени вкупно 15 899 кандидати од учебната 2021/2022 година. Од нив, 7135 се ученици од гимназиско образование, 8504 од стручно и 260 од уметничките училишта.
6
ЕРМЕНИЈА - Опозициските демонстранти во Ереван се судрија со полицијата за време на протестот против начинот на кој ерменската влада се справува со спорот со Азербејџан за Нагорно-Карабах.
7
МАКЕДОНИЈА - Пратеничката опозициска група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денеска, официјално ја поднесе Интерпелацијата за работата на Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Координаторот на групата Никола Мицесвски изјави дека оваа интерпелација е резултат на, како што вели, хаосот кој што се случува во Собранието, а е под директива на Џафери. Тој додава дека во изминатиот период се почесто се забележува прекршување на Деловникот со, како што вели, самоволието кое што го спроведува Џафери во законодавниот дом, со што сериозно го загрозува угледот на оваа институција.
8
АЛБАНИЈА - Албанскиот парламент денеска не успеа да избере нов претседател, откако ниту еден кандидат не беше номиниран за третиот круг на гласање.