Настаните на денот низ фотографии - 30 мај 2022
Менструална сиромаштија и ракети

1
МАКЕДОНИЈА - „Менструалната хигиена не е привилегија“ и женска сиромаштија беше мотото на денешниот протест пред Министерството за финанасии организирано од неколку невладини организации. Тие бараат намалување на ДДВ за менструални производи од 18 на 5 проценти со цел намалување на таканаречената менструална сиромаштија, субвенционирање на цената на производи за менструација во основните и средните училишта и јавните тоалети на товар на буџетот.

2
МАКЕДОНИЈА - Нема посериозно повредени луѓе при пожарот кој избувна во поранешната фабрика „Македонија Табак “ во Тетово. Надлежните велат дека во болница се јавиле неколку луѓе со потешкотии при дишење поради чадот од пожарот кој во 9 часот избувна во објектите на старата фабрика. Пожарот се уште не е изгасен и се шири кон маганицските простории на поранешниот индустриски објект.

3
САД - Соединетите Американски Држави нема да и достават на Украина ракетни системи со долг дострел што можат да допрат до цели во Русија, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.

4
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Собранието Талат Џафери апелира до колегите пратеници да се однесуваат државнички и да овозможат одблокирање на изборот на уставни судии за да може да се комплетира Уставниот суд и да продолжи со нормално функционирање и во полза на граѓаните, се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот на Собранието, по денешната средба во Уставниот суд.