Настаните на денот низ фотографии - 30 мај 2022
Менструална сиромаштија и ракети
9
УКРАИНА - Украинската група „Калуш Оркестра“ која победи на овогодишниот евровизиски натпревар го даде на аукција својот трофеј за да помогне во финансирањето на воените напори на земјата против инвазијата на руските сили. Фолк-рап бендот имаше енергична изведба во Торино на финалната евровизиска вечер. Оваа група победи на 66-та Евровизија на почетокот на овој месец во Италија со својата песна „Стефанија“.
10
НЕПАЛ - Пронајдени се остатоците од авионот кој неодамна исчезна во планините на Непал, соопштија надлежните. Авионот превезувал 22 патника и членови на екипаж. До сега пронајдени се само 14 тела, а потрагата по останатите и натаму трае.
11
ЕУ - Лидерите на ЕУ за време на дводневниот Самит на Унијата нема да успеат да се договорат за забрана на руската нафта, рекоа лидерите за време на доаѓањето на Самитот кој започнува на 30 мај.