Настаните на денот низ фотографии - 13 мај 2022
Од Илинденска до вселената

1
САД - Научниците објавија фотографија од супермасивна црна дупка која ја опишуваат како нежниот џин, сместена во центарот на галаксијата Млечен Пат. Ја нарекле Sagittarius A.

2
МАКЕДОНИЈА - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска имаа средба на која било разговарано за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките и прашањето за платите на вработените за време на штрајк. На средбата присуствувале претставници од двете страни во дијалогот.

3
УКРАИНА - Советот за човекови права на ОН (УНХЦР) денеска со големо мнозинство ја одобри резолуцијата за покренување истрага за наводите за злоупотреби од страна на руските војници во областите на Украина коишто тие привремено ги контролираа.

4
ФИНСКА - Финскиот претседател Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин го поддржаа откажувањето од долгогодишниот став за неутралност на земјата, велејќи дека нордиската нација треба да и се приклучи на НАТО алијансата како одговор на руската непредизвикана инвазија на Украина.