Настаните на денот низ фотографии - 13 мај 2022
Од Илинденска до вселената
5
ЛАТВИЈА - Латвиските пратеници одобрија нацрт-закон со кој се дозволува демонтирање на контроверзен советски споменик во главниот град Рига, бидејќи балтичката земја сака дополнително да го отфрли своето минато под окупација на Советскиот Сојуз, поради руската неиспровоцирана инвазија на Украина.
6
ЕУ / КОСОВО - Европската унија не ги коментира процесите поврзани со друга институција, особено кога не е членка, изјави портпаролот на ЕУ Питер Стано во врска со барањето на Косово за членство во Советот на Европа.
7
ГЕРМАНИЈА - Германската компанија Сименс АГ соопшти дека целосно ќе ги запре своите активности и ќе излезе од рускиот пазар поради неиспровоцираната инвазија на Москва на Украина.