Достапни линкови

Донфрид – Османи: Почнува стратегискиот дијалог со САД


Донфрид – Османи: Почнува стратегискиот дијалог со САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Претставници на Македонија и на САД на 2 јуни ќе одржат стратешки дијалог во Вашингтон, најавија министерот за надворешни работи Бујар Османи и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид по нивната средба во Скопје. Таа нагласи дека предолго се одложуваат евроинтеграциите и дека иднината на Македонија е во ЕУ. Османи рече дека војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ претставува и безбедносна политика, и оти членството на Западниот Балкан во ЕУ е од суштинска важност за регионалната и европската безбедност и затоа е геополитички интерес и на нашите партнери. Османи рече дека Македонија е прва земја на Западниот Балкан која отвора стратешки дијалог со САД, преку кој ќе се продлабочи стратешкото партнерство за унапредување на заедничките цели во регионалната безбедност, економијата, одбраната, владеењето на правото, трговијата, енергетиката, почитувањето на правото, климатските промени и други области. Тој рече дека зајакнувањето на американското присуство во регионот е многу значајно, особено во контекст на безбедносните ризици како последица на руската агресија врз Украина.

Категории

XS
SM
MD
LG