Настаните на денот низ фотографии - 24 декември 2021
Бајден, Путин и струшкиот професор

1
САД / РИСИЈА - Американскиот претседател Џо Бајден допрва треба да се согласи за време и место за нови разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

2
АВГАНИСТАН - Британски државјанин е приведен во Авганистан, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи, по извештајот за апсење на консултант за безбедност од страна на Талибанците.

3
ЈАПОНИЈА - Јапонската влада усвои рекордно висок буџет за одбрана во фискалната 2022 година, во време кога Токио ги зајакнува своите одбранбени капацитети како одговор на растечката воена моќ на Кина и тензиите меѓу Пекинг и Тајван.

4
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство вечерва соопшти дека е детектиран прв случај на сојот Омикрон во земјава, кај маж кој допатувал од Велика Британија.