Настаните на денот низ фотографии - 24 декември 2021
Бајден, Путин и струшкиот професор
5
МАКЕДОНИЈА - Судот во Струга го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од осум дена за 57-годишниот професор по англиски јазик кој вчера со метален предмет нападна ученик во гимназијата Ибраим Темо, соопшти струшкото Обвинителство.
6
АЛБАНИЈА - Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе биде испратен прашалник до Албанците за да дадат мислење за иницијативата Отворен Балкан. По денешна седница на Владата, Рама рече дека била донесена посебна одлука за национална консултација за важни прашања поврзани со економијата, општеството и надворешните односи на Албанија.
7
МАКЕДОНИЈА - Акционерското друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска соопшти дека вовеле мерки за штедење за да се намалат трошоците во услови на енергетска криза. Мерките, како се наведува во соопштението се насочени кон намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.
8
РУСИЈА - Судот во Москва денеска ја казни компанијата Гугл Алфабет со 7,2 милијарди рубљи (98 милиони американски долари) поради, како што наведе во пресудата, повеќекратно небришење на содржината што Русија ја смета за нелегална, што е прва казна за ваков случај во таа земја.