Настаните на денот низ фотографии - 17 декември 2021
Од СДСМ до Марс

1
МАКЕДОНИЈА - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема да биде дел од новата влада, оти, како што вели, не се согласува со дел од политиките на партиското раководство. Дел од тие политики, според неа, допринеле за поразот на локалните избори. Шекеринска вели дека има впечаток дека не ги научиле лекциите, а дел од пораките на јавноста не ги слушнале или не ги разбрале.

2
ЧЕШКА - Новата чешка влада на првата седница одлучи да не бара од парламентот продолжување на вонредната состојба поради пандемијата. Дел од построгите мерки и вонредната состојба престануваат да важат од 26 декември.

3
ЕУ - Специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак вели дека кога станува збор за Западен Балкан гледа четири поголеми предизвици, еден од нив и најнепосреден е Северна Македонија и Албанија што поскоро да ги започнат пристапните преговори со ЕУ. Најсериозен проблем е кризата во БиХ.

4
ИРАН - Последната рунда разговори со Иран, чија цел беше спасување на историскиот нуклеарен договор од 2015 година, беше одложена поради прашањата покренати од нуклеарното набљудување на ОН за исчезнувањето на снимките од надзорните камери од иранскиот нуклеарен комплекс.