Настаните на денот низ фотографии - 17 декември 2021
Од СДСМ до Марс
5
КОСОВО - Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека дијалогот со Србија е важен инструмент за постигнување стабилност во регионот, но нагласи дека Косово нема да дозволи разговори за територијална поделба по етничка линија.
6
МАКЕДОНИЈА - Алтернатива го одби предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со кој бара лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковечевски. За Алтернатива овој предлог е неприфатлив од затоа што партијата е дел од еден друг процес.
7
ЕВРОПА - Планетата Марс има своја верзија на Големиот Кањон на Земјата, а научниците открија дека овој огромен кањон крие значителни количества вода. Откритието се должи на т.н. орбитер Марс Експрес, кој орбитира околу Марс, објави Европската вселенска агенција (ESA).