Достапни линкови

Српски воени авиони надлетуваат во близина на границата со Косово


Српски воени авиони надлетуваат во близина на границата со Косово
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

Два српски воени авиони денеска многу блиски го надлетаа граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија, каде што косовските Срби ги блокираат патиштата. Тие се противат на одлуката на косовската влада да забрани влез во земјата на автомобили со српски регистарски таблички и да ставаат привремени.

Два српски воени авиони денеска многу блиски го надлетаа граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија, каде што косовските Срби ги блокираат патиштата.

Србите од северот на земјата, кои не го признаваат Косово како независна држава, веќе седум дена ги блокираат патиштата кон граничните премини Брњак и Јариње со камиони и автомобили.

Тие се противат на одлуката на косовската влада да забрани влез во земјата на автомобили со српски регистарски таблички и наместо нив да ставаат привремени регистрации со траење од 60 дена.

Приштина испрати специјалци кои треба да ја спроведат одлуката, но се соочија со протест од локалните Срби кои имаат поддршка од Белград.

Приштина тврди дека тоа е реципрочна одлука, зашто Србија не дозволува влез на возила со косовски регистрации, туку им издава привремени на граничните премини кои чинат 5 евра за 60 дена.

НАТО и ЕУ ги повикаа двете страни на смиреност.

Категории

XS
SM
MD
LG