Настаните на денот низ фотографии - 13 август 2021
Власт и мускули

1
АВГАНИСТАН - Авганистанските власти денеска одржуваат итен состанок во претседателската палата во Кабул поради брзото влошување на безбедносната состојба во земјата откако талибанците ги заземаа клучните градови Кандахар и Херат. Радио Азади јавува дека се очекува обраќање да има претседателот Ашраф Гани. Претставниците на НАТО се очекува да одржат исто така итен состанок за да дискутираат за безбедносна во Авганистан, јави агенцијата Франс Прес.

2
МАКЕДОНИЈА - Тројца од петмината граѓани во земјава ја преферираат демократијата како систем на владеење, но дури 72 отсто преферираат и демократско управување, но и владеење со цврста рака, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на Националниот демократски институт (НДИ), посветено на теми поврзани со демократијата, владеењето, Ковид-19, геополитиката и дезинформациите.

3
БУГАРИЈА - Бугарскиот претседател Румен Радев денеска рече дека се уште не се исцрпени сите можности за формирање влада во Бугарија. Ќе се одржат консултации со партиите застапени во Парламентот, пред да биде предаден следниот мандат. Сите опции за формирање кабинет со широка парламентарна поддршка ќе бидат исцрпени.

4
МАКЕДОНИЈА - Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, а не државна прослава и за тоа ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на таквиот декор, наведуваат во соопштението од опозициската партија.