Достапни линкови

УЕФА бара од Украина да го тргне слоганот од дресот за ЕУРО 2020


Украинскиот фудбалски дрес со мапата на Украина на која е вклучен и Крим, полуостровот кој е анкеритан од Русија во 2014 година

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и наложи на Украина патриотската фраза „Слава на хероите“ да ја тргне од репрезентативниот дрес ден пред почетокот на Европското фудбалско првенство.

Образложението на УЕФА е дека слоганот има политичка конотација.
Европското фудбалско тело соопшти дека не ја доведуваат во прашање картата која исто така се наоѓа на украинскиот дрес, но дека комбинацијата на две фрази, „Слава на Украина“ и „Слава на хеорите“ има јасна политичка природа.

Новиот дизајн на дресовите беше објавен на седми јуни од претседателот на фудбалската федерација на Украина Андреј Павелко кој рече дека „цела Украина, од Севастопол и Симферопол до Киев, од Донетск и Луганск до Узхород ќе го поддржува тимот на секој натпревар“.

На кои стадиони ќе се игра Европското првенство во фудбал
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:03 0:00

Руското министерство за надворешни работи ја поздрави ваквата одлука на УЕФА. Портпаролката Мариа Захарова рече дека спортот не е воено поле, туку поле за натпревар.

"Тоа не е политичка арена туку арена за достигнувања во физичката култура“, рече Захарова.

Русија се пожали до светската фудбалска федерација ФИФА следниот ден наведувајќи дека бараат објаснување за дресовите кои ги сметаат за политичка провокација. Русите пособно се вознемирени за слоганот на картата на која се и полуостровот Крим, кој легално е дел од Украина, но беше анектиран од Русија во 2014 година. Откако Кремљ насилно го презема Крим Русија се обиде да ги легитимизира акциите со референдум кој дел од светот го сметаше за измама. Гласањето се одржуваше под силно воено присуство, а според украинскиот устав беше и незаконско. Резултатите од него никогаш не беа признаени од голем дел од меѓународната заедница.

Специфичната комбинација на двата слогана на украинскиот дрес според УЕФА има јасна политичка природа од историско и воено знаечње, така што мора да биде тргната. Агенцијата Франс Прес јавува дека фудбалската асоцијација на Украина разговара со УЕФА во обид да го задржи слоганот.

Донетск и Луганск се градови во источна Украина кои се заземени од сепаратистите поддржани од Русија од 2014 година, а од почетокот на војната досега, загинати се повеќе од 13 000 луѓе Севастопол и Симферопол се на Крим, полуостров кој Русија го анектираше во март истата година.

Европското фудбалско првенство кое првично требаше да се одржи лани, па беше одложено поради пандемијата со Ковид19, почнува утре и ќе трае до 11 јули. Тоа ќе се игра во различни градови меѓу кои и во Санкт Петербург во Русија каде што постои можност да игра и Украина ако се пласира во четвртфинале.

XS
SM
MD
LG