Достапни линкови

Граѓаните убедени во успех на македонските фудбалери на ЕУРО 2020


Елиф Елмас и Горан Пандев
Елиф Елмас и Горан Пандев

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека очекуваат црвено жолтите да се изборат за пласман во втората фаза на европското фудбалско првенство. Натпреварите ќе ги следат покрај телевизор, а кафулињата и рестораните се подготвуваат да ги пречекаат фановите.

Македонските фудбалери за неколку дена ќе го остварат најголемиот сон. За прв пат ќе настапат не едно европско првенство. Силите најпрвин ќе ги одмерат со Австрија в недела на националната арена во Букурешт. Четири дена подоцна на истиот терен ги чека натпреварот со Украина. Потоа се селат на Амстердам арена каде со Холандија го играат последниот натпревар од Групата Ц.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека нивниот настап нема да заврши тука и очекуваат црвено жолтите да се изборат за пласман во втората фаза.

Оптимизам пред ЕУРО 2020
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00


„Не да очекувам, него сигурен сум дека ќе успееме. Имаме прекрасни играчи. Врвен тренер. Атмосфера каква што никогаш не сме имале во репрезентација. Значи еден за сите, сите за еден“, вели Васил Коровешовски.

„Па, што да очекувам. Само најубаво, друго нема. Јас мислам дека ќе направиме нешто. Прв пат имаме тим со добар водич. Се надевам ќе направиме нешто“, вели Петар Благоевски.

„Се надеваме ќе ги поминеме групиве и да ја победиме Франција во осмина финале“, вели Матеј Костовски.

Мал дел од граѓаните имаа среќа да набават карти и некој од натпреварите да ги проследат во живо. Останатите националниот тим ќе го бодрат од дома.

„Покрај телевизор се знае. Ново телевизорче. Седнеш и гледаш и уживаш. Пивцето во рака. Нема друго“, додава Коровешовски.

„Пред телевизија како инаку не може на друг начин во домашни услови“, вели Благоевски.

„Да во домашна атмосфера со пријатели и ако сака и девојката“ посочува Костовки.

„Планиравме да одиме, ама не се договоривме пред време. Со картите бевме несигурни за авиони и со ситуацијата и останавме дома“ додава девојката на Костовски, Теодора Спасовска.

За следење на натпреварите се подготвуваат и кафулињата и рестораните. Се очекува да има еуфорија, а ден пред првиот натпревар ќе се украси простор со национални обележја, вели Стефан Кузмановски од еден скопски бар-ресторан.

„Секој натпревар ќе има пренос на телевизорите тука. Највеќе очекуваме пиво да се пие. Се надеваме на секој освоен бод. на секоја победа да се надеваме дека ќе има се повеќе луѓе и ќе славиме“, вели Кузмановски.

Неодамна во интервју за РСЕ, селекторот Игор Ангеловски порача дека очекува да ја поминат првата фаза.

„Посакувам фудбалерите да немаат проблеми од здравствен аспект, сите да можат, на оние на кои сметаме, да се стават на располагање и ако сме комплетни и јас самиот си поставив како цел, она што Вие го велите, да ја поминеме првата фаза, затоа што знам што можат овие фудбалери, верувам во нив и верувам дека може тоа да го остварат“, рече Ангеловски.

Ангеловски - Жално е што Вардар испадна од Прва лига
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:53 0:00


Македонска фудбалска репрезентација од 1996 година кога официјално влезе во трката за големите натпреварувања па досега, настапила во 14 квалификациски циклуси, од кои 7 за европско и 7 за светско првенство.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG