Настаните на денот низ фотографии - 26 мај 2021
Ракија, вакцини и политика

1
ЦРНА ГОРА - Екипи на здравствени работници од денеска одат во селата на планините во Црна Гора, кои се едни од најизолираните региони на Балканот, за да го вакцинираат населението против ковид-19.

2
МАКЕДОНИЈА - Јас во овој момент сум реалист и умерен оптимист. Разговарав со премиерот Зоран Заев, тој е таков по карактер, секојпат поголем оптимист од мене и од другите, државното раководство, кога ние ќе паднеме со духот тој не крева. Ова го изјави меѓу другото претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски по билатералната средба во Рим со неговиот италијански колега Серџо Матарела, одговарајќи на новинарски прашања во врска со обидите за пронаоѓање решение со Бугарија и одблокирање на почетокот на преговори на земјава со ЕУ. Претходно Пендаровски имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев по која и двајцата рекоа дека треба да се обноват дијалогот и довербата меѓу Скопје и Софија.

3
ГЕРМАНИЈА / МАКЕДОНИЈА - Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот по денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Скопје порача дека Северна Македонија постигнала голем напредок, се охрабрила да реши еден голем историски спор со промената на името на државата и е легитимно да очекува ЕУ да ги исполни ветувањата.

4
САД - Државниот секретар на САД, Антони Блинкен пристигна во Јордан од Египет на последната точка од средно-источната турнеја, чија цел е да се обезбеди поддршка за примирјето меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа постигнато со посредство на Каиро и со кое завршија 11-дневните смртоносни воздушни напади.