Настаните на денот низ фотографии - 26 мај 2021
Ракија, вакцини и политика
5
БЕЛГИЈА / БЕЛОРУСИЈА - Северноатлантскиот совет, главното тело за носење политички одлуки на НАТО соопшти дека ги поддржува повиците за итна независна истрага за неодамнешното пренасочување на цивилен патнички авион во Белорусија и апсење на дисидент новинар кој бил патник на летот.
6
МАКЕДОНИЈА / САД - Премиерот Зоран Заев и американската амбасадорка Кејт Брнз на денешната средба, како што соопшти владина прес служба, го реафирмирале партнерството меѓу Северна Македонија и САД. На состанокот, според соопштението, е констатирано дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава и за целиот регион, а САД се заинтересирани за позитивни процеси во регионот.
7
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / ЕУ - Трговската размена меѓу ЕУ и Велика Британија опаднала за скоро една четвртина во првите три месеци по Брегзит, покажуваат податоците на британската Канцеларија за национална статистика.
8
РУСИЈА / БУГАРИЈА - Руските власти соопштија дека протеруваат бугарски дипломат како одговор на одлука што Бугарија ја донела во април за руски дипломати.