Флеш-гранати, тепања и апсења демонстранти во Белорусија
Полицијата употреби флеш-гранати во белоруската престолнина Минск, во обид да ги растера антивладините демонстранти на 15 ноември. Стотици беа приведени, а неколкумина беа претепани од маскирани безбедносни службеници во една самопослуга во Минск. Протестите започнаа во август, откако Александар Лукашенко прогласи убедлива победа на претседателските избори, кои од опозицијата и Западот се оценети како наместени.