Достапни линкови

Конкурс на Радио Слободна Европа за регионален новинарски фелоушип


Радио Слободна Европа отвори конкурс за регионален фелоушип за известување за РСЕ за 2020-2021 година. Целта на стипендијата е да придонесе за професионален развој на аспирантните новинари во земјите од Источното партнерство на ЕУ и Западен Балкан за поддршка на слободата и независноста на медиумите. Стипендијата е водена од мисијата на РСЕ да обезбеди вистинито, независно новинарство за поддршка на демократијата и човековите права. Програмата, сега во нејзината четврта година, е финансирана од грант од Амбасадата на САД во Чешка.

Резиме на програмата

Студентите ќе бидат избрани на конкурентска основа од земјите од Источното партнерство и земјите од Западен Балкан и ќе работат во локалното биро на РСЕ. Тие ќе бидат интегрирани во секојдневната работа на бирото, каде што ќе работат со полно работно време за да креираат содржина низ сите новинарски платформи и да учествуваат во уредувачките дискусии под надзор и менторство на професионални колеги од РСЕ.

Со програмата, од соработниците се очекува да ги зајакнат своите новинарски вештини и знаења, да го развијат своето уредувачко расудување, да ги прошират своите професионални мрежи и да го продлабочат нивното разбирање за улогата на независното новинарство во нивната земја. За аплицирање за програмата не е потребно познавање на англиски јазик. Стипендијата трае осум месеци, приближно од 4 јануари 2021 година до 31 август 2021 година.

Програмата вклучува и посета на седиштето на РСЕ во Прага за дополнителен професионален развој. Стипендистите ќе добиваат месечен надоместок за времетраењето на програмата што е во согласност со локалната скала за плати, работен простор во бирото на РСЕ и платеното патување и сместувањата во Прага. Може да се обезбеди домување за соработници кои мора да се преселат за да работат во локалното биро.

Избор

Процесот на избор на стипендија е конкурентен. Кандидатите ќе бидат избрани врз основа на нивните квалификации, нивната способност да придонесат за работата на бирото, нивната посветеност кон мисијата на програмата и нивната професионална мотивација и цели, како што е наведено во нивното мотивациско писмо. Добитниците на стипендиите ќе бидат објавени до 14 декември 2020 година.
За прашања може да се обратите на hokuvovaj@rferl.org.

XS
SM
MD
LG