Достапни линкови

Ковид-19: Во центарот на вниманието на демократијата


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Денеска е Меѓународниот ден на демократијата. По тој повод Обединетите нации наведуваат дека невидената криза со ковид-19 резултираше со големи социјални, политички и правни предизвици на глобално ниво, бидејќи државите ширум светот донесуваат итни мерки за справување со кризата, од клучно значење е тие да продолжат да го поддржуваат владеењето на правото, да ги штитат и почитуваат меѓународните стандарди и основните принципи на законитост, како и правото на пристап до правдата, правните лекови и соодветните процеси.

Загриженостa од недостигот на храна расте поради пандемијата

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика владите да бидат транспарентни, одговорни и отчетни во одговорот на ковид-19 и да обезбедат итните мерки да бидат законски, пропорционални, неопходни и недискриминаторски. „Најдобар одговор е оној што реагира пропорционално на непосредните закани, истовремено заштитувајќи ги човековите права и владеењето на правото“, оценува Гутереш. Во краткиот извештај за политиката на генералниот секретар се вели дека државите мора да ги почитуваат и штитат, покрај другите права, слободата на изразување и на печатот, слободата на информирање, слободата на здружување и собирање.

XS
SM
MD
LG