Неидентификувани луѓе тепаат демонстранти во Минск
Десетици илјади луѓе се приклучија на уште еден пост изборен протестен марш во белоруската престолнина Минск, на 6 септември. Мажи во цивилна облека беа видени како напаѓаат луѓе за време на маршот. Полицијата приведе и дел од демонстрантите и го блокираше патот на маршот. Демонстрантите продолжуваат да бараат оставка од претседателот Александар Лукашенко, откако изборите на 9 август поминаа со нерегуларности.