Достапни линкови

Сачева:Оставката на Борисов не е на дневен ред


Деница Сачева министерка за труд и социјална политика

Прашањето за оставка на Борисов не е на дневен ред. Ова го изјави бугарската министерка за труд и социјални работи Деница Сачева во телевизиско интревју за БТВ. Таа посочи дека сите опции се дискутираат, но ние мора да бидеме водени од друга цел, одговори Сачева на прашањето дали се разговара за експертски кабинет.

„Основната работа не треба да биде оставка, туку она што е корисно за секого – дебата за промени во Уставот, изборен законик што гарантира демократски избори, ажурирање на буџетот,“ додаде Сачева.

За денеска се најави 59-ти по ред протести во Бугарија со барање за оставка на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.



XS
SM
MD
LG