Достапни линкови

BBG Affiliates

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Софија


Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Софија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00

Повредени лица и приведување демонстранти го одбележаа 56-от ден од антивладините протести во Бугарија. Во Софија демонстрантите се обидоа да ја пробијат полициската линија, чувана од десетици полицајци во шлемови и штитови кои користеа спреј врз демонстрантите, новинарите и снимателите. Уапсени се најмалку 8 лица. Новинарите на РСЕ забележале дека се применува сила при апсењата на најмалку 2 од демонстрантите, при што полицајците им ги притискаа лицата и ги држеа на подот со колена врз нив. Од полициската канцеларија за печат велат дека повеќе од 20 полицајци се повредени, вклучувајќи и еден кој е во болница откако добил удар по главата. Денеска е првиот ден на работата на бугарското собрание по летната пауза поради што илјадници демонстранти се собраа околу зградата на парламентот во центарот на Софија. Тие бараат оставка од премиерот Бојко Борисов и предвремени избори. Тие, исто така, сакаат оставка од главниот обвинител Иван Гешев.

Категории

XS
SM
MD
LG